На Медитeранските игри во Алжир злато за Нуров, бронза за Егоров

Македонските борачи остварија голем успех на Медитеранските игри во Алжир откако освои еден златен и еден бронзен медал. Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал откако синоќа по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со резултат од 4:3.

Извонредниот Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди победата и златниот медал.

Неколку часа претходно, бронзен медал освои и македонскиот борач Владимир Егоров.

Од Македонскиот олимписки комитет (МОК) посочуваат дека Нуров, кој е стипендист на МОК и кој освои бронзен медал на Светското првенство во Нур-Султан (Казахстан) во 2019 година, во овој момент е еден од тројцата најдобри борачи во светот, а со сигурност ќе атакува на медал на Олимписките игри во Париз 2024 година.

Претходна вест191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 22 казни за возење без дозвола
Следна вестТурција нема да го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО