На општинските основни училишта во Чаир ќе направам вертикално зеленило

Арта Ќерими, невладен активист, одговара на прашањето на „Скопско Ехо“ кои три работи прво би ги направиле ако сте градоначалник на општина Чаир

1. Разубавување на училиштата

Тргнувајќи од фактот дека децата повеќе учат додека се мали и полесно стекнуваат навики, токму во основното образование е супер можност да се дадат различни примери за да се разбере колку е битно зеленилото во местото каде и живеат. За тоа, вертикалното зеленило би било супер пример за децата сами да ги садат растенијата и самите да се грижат за нив. И така што ќе бидат дел од целиот процес и тие навики ќе им останат за цел живот и на крај ќе видат колку поубаво место ќе биде училиштето.

2. Зелен покрив во зградата на Општината

Зелениот кров на самата зграда на Општина Чаир, би било топ пример за да се зголеми свеста на луѓето за зелена околина. Тој ќе се искористи не само од луѓето што работат на самата општина за време на пауза, туку ќе биде супер место за пиење кафе со друштво, рекреација на деца или пак читање книга. Ќе биде мултифункционално место со топ зелен изглед и ќе биде искористен од секој граѓанин на општината.

3. Зелени постојки

Зелените постојки мислам дека се најдобра идеја за оние места каде што нема зеленило, бидејќи освен што ќе помага да се намали температурата во околината и да се зголеми влажноста, ќе влијае позитивно на луѓето што чекаат автобус и во исто време сигурно дека ќе има подобар естетски изглед. И најдобрата работа е дека фактот дека тие собираат вода за време на врнежи, и таа вода ја искористат за одржување на самите растенија.