На патот Штип – Кочани загина 21-годишно момче од скопско Кадино

Младо момче загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на магистралниот пат Штип – Кочани, соопшти полицијата.

Според СВР Штип, околу 5.20 часот  било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант”, патничко возило „опел астра” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило.

-Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди, се наведува во информацијата.

Претходна вестМакедонија осма во светот по количина фрлена храна според бројот на жители
Следна вестСлужбата за итна помош во Скопје имала сто интервенции, 20 биле за алкохолизирани лица