Темен режим Режим на светлина

На патот Живалево – Туралево голем одрон, сообраќајот по една лента

Внимателно на патот Кичево – Гостивар, има голем одрон кај селото Колари Внимателно на патот Кичево – Гостивар, има голем одрон кај селото Колари

Од 5 часот има одрон на патот село Живалево – село Туралево и поради тоа сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

Од 3:40 часот е укината забраната за тешки товарни возила кон превојот Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Приведени над 400 активисти од флотилата „Сумуд“

Следна објава
Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството

Презентација на ФЗО на активностите за измени на Правилникот за плаќање на услугите во примарната здравствена заштита