На плоштадот „Македонија“ пaк вози кој како сака: Пропадна и четвртиот камион

Нов, четврти по ред, случај на пропаѓање на камион е забележан на централниот скопски плоштад „Македонија“. На фотографиите коишто се шират на социјалните мрежи се гледа тежок товарен камион како е пропаднат во подната фонтана во близина на споменикот на Александар Македонски.

На товарното возило коешто има странски регистарски таблички се гледаат оштетувањата. Искршени се и неколку мермерни плочки на површинскиот дел од подната фонтана. Не е познато дали е оштетена внатрешната водоводна инсталација. Засега нема информации како камионот се нашол на ова место, бидејќи во овој дел од градот потребна е специјална дозвола за возила кои вршат достава. Полициските екипи веќе извршија увид на локацијата.

Последното пропаѓање на едно товарно возило беше при крајот на август кога се поставуваа бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула. Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отворен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.

Површинската фонтана беше изградена во време на ексградоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра.

Фото: Инстаграм

Претходна вестВремето денес променливо облачно со повремен локален дожд
Следна вестВооружен маж уби десетина луѓе во супермаркет во Вирџинија