Темен режим Режим на светлина

На Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

На границчните премини Табановце и Богородица, за излез од државата кон Република Србија и кон Република Грција, времето на чекање е околу 30 минути, соопштува АМСМ.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце и ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

Ова чекање на овие два гранични премини е поради летните одмори, и големиот број македонски и српски државјани кои патуваат од и во Грција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Сончево со мала до умерена облачност

Следна објава

Нов силен земјотрес од 7 степени го погоди истокот на Русија, стотици афтершокови по историскиот потрес на 30 јули