Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна се чека на Богородица 20-30 минути, на Табановце 30-40 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.





