На Табановце се чека 45 минути за излез од државата

55

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата време на чекање 30 – 45 минути, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСончево време со температура до 35 степени
Следна вестПрв пораз на Академија Пандев, Шкупи е нов лидер во ПМФЛ