На Табановце за излез се чека околу 30 минути

На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.

Од таму и известувањето дека на ден 24.08.2021 година (вторник) во период од 10:00 до 16:00 часот, ќе важи времена измена на режимот на сообраќај во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестРешението за личните карти се најде во подзаконски пропис, не можеше ли порано?
Следна вестКазнет 151 возач во Скопје