На Табановце за влез во државата се чека околу 40 минути

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози и дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестСончево и многу топло со температура до 41 степен
Следна вестВработен земал 1500 евра од каса на обложувалница и не сакал да ги врати