На третиот натпреварувачки ден и прво изненадување

После првиот натпревар на денешниот ден, каде што се случи најголемото изненадување на Мундијалот, каде кипата на Саудиска Арабија забележа победа над еден од фаворитите за титула, екипата на Аргентина со 1-2,во следните три натпревари имаше можеби уште едно изненадување, а тоа е ремито без голови на Данска – Тунис.

Данците иако важеа за фаворити, сепак, на крајот можат да бидат и среќни со еден бод, со оглед дека Тунис ги имаше посериозните шанси, но одбраните на Шмајхел ги спасија Данците.

Без голови заврши и дуелот Полска – Мексико. И тука еден голман беше во центарот на вниманието, а тоа е мексиканскиот Гилермо Очоа кој му одбрани пенал на Левандовски во 58. минута. И Мексиканците имаа шанси, но мрежите мируваа.

Затоа мрежите не мируваа на дуелот Франција – Австралија. Французите ја покажаа својата сила и покажаа зошто се актуелни светски прваци, и победија со 4-1, после водството кое го имаше Австралија.

Претходна вестПостигнат договор за покачување на платите на вработените во Клинички центар
Следна вестВремето денес променливо облачно со повремен локален дожд