Проблеми и пречки за одвивање на веќе редуцираниот железнички сообраќај во земјава никако да се решат. Единствениот возот на релација Скопје – Битола и обратно и натаму не сообраќа поради дефектот на влечната локомотива.
Локомотивата е расипана од минатиот понеделник, а кога по три дена штрајк, овој како и останитете возови, требаше повторно да сообраќаат, се расипа локомативата, информираат од „Македонски железници“.
Оттаму за МИА информираат дека забрзано се работи на оспособување на локомотивата и очекуваат повторно да биде пуштена во сообраќај оваа среда или четврток.
Од друга страна, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река на линијата Гевгелија-Велес помеѓу железничките станици Кукуричани-Градско во близина на Стоби железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од вторникот попладне од 15:25 часот и патнички и товарен се одвива со префрлање на патниците од воз на автобус.
Како што информираат за МИА од МЖ инфраструктура, по анализата од професорите на Градежниот факултет во Скопје најавено е неделава да почне санацијата на столбот, а чија санација според стручњаците треба да биде околу два месеци.
– Воедно стручњаците предлагаат и да се гради нов железен мост на Црна река погоре од постоечкиот, но за овој проект финансиски средства треба да одобри Владата, потенцираат од МЖ инфраструра.