Началник на Генералштабот Ѓурчиновски: Има потреба од враќање на задолжителниот воен рок од три месеци

Има потреба од враќање на задолжителниот воен рок во Македонија, изјави синоќа началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски. На ТВ21 тој истакна дека служењето на 3 месеци војска би ги подготвило младите идни кадри.

-Можам да го кажам стручниот аспект на состојбите и визијата за наредната декада за развојот на вооужените сили. Но, ќе оставам простор и можност на јавноста, екпертите, дури и на политичките партии во периодот кој претстои малку подетално да се зафатат со дискусија на оваа тема. Дали има потреба за воведување на воен рок? Категорично ќе кажам да, знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Од професионален аспект, навистина има потреба. За машката популација се дефинира како задожителна обврска, тоа не значи дека ние би требале да започнеме со реализација идната година, хипотетички да започнеме со 2025 година. Доброволно за женската популација, но со соодветни бенефиции за можно вработување до безбедносните сили, дали во Армијата или полицијата, вели Ѓурчиновски.

Според него, би добиле оспособување на кадрите за било какви можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси.

-Би ги подготвило за сите овие предмалку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок, вели Ѓурчиновски.

Претходна вестЧетворица возачи-почетници добија искуство со казни
Следна вестСтанавме квази држава без однос кон македонскиот јазик!