Над 100 милијарди долари изнесуваат штетите од земјотресот во Турција

Штетата предизвикана од разорниот земјотрес во Турција ќе надмине 100 милијарди долари. Ова го соопштија од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

– Oд претходните пресметки презентирани од владата и поддржани од меѓународните партнери е јасно дека штетата би можела да надмине 100 милијарди долари, изјави претставникот на УНДП, Луиза Винтон, преку видео врска од Газиантеп, а пренесува „Ројтерс“.

Таа рече дека оваа прелиминарна бројка се користи како основа за донаторската конференција за собирање средства за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија во Брисел, која е планирана за 16 март.

Претходна вестМногу нарцисоидни мажи денеска ќе делат Нарциси на жените за 8-ми Март
Следна вестАдеми го напушта Динамо, се сели во Кина