Над 150 килограми марихуана запленети на граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин Богородица. Според дел од медиумите, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички.

Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција.

Од Министерството за внатрешни работи и од Царинската управа засега не откриваат детали, но најавуваат повеќе информации во текот на денот.

Претходна вестПандев: Серија А е подобро место за Елмас од Бундеслигата
Следна вестВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвораат прашањето за промена на државниот грб