Над 60 лица возеле пијани, 288 пребрзо…

Голем дел од возачите во Скопје и понатаму не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само во текот на вчерашниот ден од изречени 407 казни, 61 биле за возење под дејство на алкохол, 288 за пребрзо возење, 29 за возење без возачка…

– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени 407 мерки од кои, 288 за возење со брзина над дозволената, 61 за возење под дејство на алкохол, 29 за возење без возачка дозвола, 6 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник…, се вели во соопштението од МВР.

Најавени се сообраќајни контроли и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи се со цел да зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестАнализа на примероци од 39 места: Водата во Скопје е безбедна за пиење
Следна вестМакедонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се повреди, но освои бронза на меѓународен турнир