Над два милиони демонстранти во Франција, имало судири со полицијата

Продолжуваат масовните протести против пензиските реформи во Франција. „Синдикатот ЦГТ“ соопшти дека вчера во Париз имало 450.000 демонстранти, а повеќе од два милиона во цела Франција.

За разлика од нив според француската полиција во цела Франција протестирале околу 740.000 луѓе, а во Париз 93.000.

Како што наведуваат странските агенции, протестите биле во многу тензична атмосфера, а имало и судири со полицијата.

Полицијата соопшти дека привела 22 лица и ги растерала демонстрантите кои го палеле ѓубрето насобрано поради повеќенеделниот штрајк на вработените во градското чистење.

Протести имало низ цела Франција: во Бордо, Нант, Рен, Марсеј, Тулуз, Брест, Стразбур, Ница…

Претходна вестПлатната и стиропорот го разубавуваат пазарот во Аеродром?
Следна вестОд денес Саем за мебел во Скопје