Темен режим Режим на светлина

Најава за посвежо време од утре – но само до четврток

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Од утре до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и задутре ќе има повремен локален дожд.

Од четврток и утринските температури ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени. Од петок ќе има пораст на дневните температури, информираат од УХМР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Цените на бензините не се менуваат, дизелот поевтинува, поскапуваат лесното масло за домаќинства и мазутот

Следна објава

Во градинките има 13 вработени и 9 деца позитивни на корона вирусот