Ужас во Рио де Жанеиро. Најмалку 132 лица се убиени во најкрвавата полициска операција што некогаш ја видела Бразил, потврдија денес властите. Улиците на Рио беа исполнети со десетици тела, кои жителите ги собирале сами во текот на ноќта.
Бројката на жртви, според јавниот обвинител на Рио, е повеќе од двојно повисока од онаа што државата ја објави пред два дена – 64 мртви, меѓу кои и четворица полицајци.
Властите велат дека рациите биле насочени против моќна наркобанда, но граѓаните сведочат дека акцијата оставила пустош зад себе. Гувернерот Клаудио Кастро изјави дека првично биле евидентирани само телата што стигнале до мртовечницата, додека многу други останале во теренот.
Во населбата Пења, луѓето со свои раце ги извлекувале телата на блиските од шумскиот предел зад куќите. Според очевидци, повеќе од 70 тела биле положени на средината на улицата – сцена од која, како што велат, „нема да се опорават никогаш“.
„Само сакам да го најдам мојот син и да го погребам како човек“, изјавила низ солзи Тауа Брито, мајка на еден од загинатите. Околу неа – редици на ожалостени семејства, тела покриени со чаршафи и тишина што зборува повеќе од секој извештај.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



