Најмалку 19 лица се повредени во пожар на брод во близина на Мармарис

Најмалку 19 лица се повредени во пожар на туристички брод во близина на брегот на турското летувалиште Мармарис, од кои тројца се во тешка состојба, соопшти Командата на крајбрежната стража.

-Поради пожарот на туристичкиот брод Иглс, евакуирани се 96 патници и шест членови на екипажот, соопшти Командата на крајбрежната стража, пренесуваат турските медиуми.

Дваесет метри долгиот дрвен брод, кој се користи за еднодневни патувања, од непозната причина се запалил во 16 часот по истанбул.

Турските медиуми објавија дека три лица се хоспитализирани, а останатите повредени по укажаната помош се пуштени од болница, како и дека најголемиот дел од странските туристи скокнале во морето од запалениот брод и биле спасени од екипажите на блиските јахти и крајбрежната стража, пренесува Танјуг.

Претходна вестАгелер: САД се тука да ја поддржат земјата, а не да се мешаат
Следна вестГалевски е број два голман по завршување на групната фаза на ЕП