Темно Режим Светло Режим

Најмалку петмина повредени во уривањето на четирикатницата во Марсеј

Најмалку пет лица се повредени при уривање на четирикатница во центарот на Марсеј, а се стравува дека бројот на настраданите би можел да биде и поголем.

Зградата се урнала со силна експлозија четириесетина минути по полноќ, по што во урнатините избувнал пожар, што ги отежна спасувачките напори. Шефот на полицијата на оваа област на југот на Франција, Кристоф Мирман, изјави дека постојат силни сомневања дека уривањето на зградата е предизвикано од експлозија, но оти засега треба да се биде многу внимателен околу утврдувањето на причината за несреќата, додавајќи дека гасот може да биде уште една можност.

– Треба да се подготвиме дека ќе има жртви во оваа страшна драма, предупреди градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан.

И покрај тешкотиите, спасувањето продолжува со голем број луѓе. Затворен е целиот сектор околу зградата, како и неколку улици. Во спасувањето учествуваат повеќе од 100 пожарникари, полицајци и припадници на јавната безбедност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Велигденските и летните хотелски аранжмани во Охрид ќе поскапат за 30 отсто

Следниот Пост

И тоа се случува: Фудбалер на Тетекс му го скина црвениот картон на судијата