Најновото остварување на Теона Митевска во Скопје на 15 март

Македонската публика премиерно ќе може да ужива во најновото остварување на режисерката Теона Стругар-Митевска, со кое таа ги претстави македонските бои на Берлинскиот филмски фестивал. „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – што ќе можеме прв пат да го погледнеме на 15 март во кино „Милениум“, беше единствен наш претставник на фестивалот во Германија. И не само тоа, филмот доби и две престижни награди: Ecumenical Award и Guild Film Prize.
Првата награда Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити е Guild Film Prize, ја доделуваат членови на жири-комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.
На премиерата во „Милениум“, Митевска ќе и се обрати на македонската публика.