Лизгалиштето „Кале” во Скопје, некогаш храм на зимските спортови, одамна е симбол на институционална негрижа.
Таму, каде што се играа натпревари од поранешната југословенска лига, се организираа меѓународни турнири, па дури и Светско првенство, а хокејот беше гордост на градот, со години нема мраз ниту спортски живот.
„На натпреварите на Вардар и на Скопје имаше по 7–8 илјади гледачи”, сведочат поранешните хокејари.
Во осумдесеттите, Скопје имаше најмногу рекреативни лизгачи по глава на жител во поранешната држава – дури и повеќе од Љубљана.
Денес наместо лизгалки и аплауз – тишина, руинирана опрема и распадната инфраструктура. Лед на Кале одамна нема, но уште пострашно – нема ниту јасен план, стратегија или најава за обнова и реконструкција.
Зошто е така?
Да, се најавуваат нови проекти и модерни спортски комплекси, но не смее симболите што ја градеа спортската култура да се оставаат да пропаднат.
„Кале” не е само бетон – тоа е дел од идентитетот на Скопје.






