Наместо на 12 јули, „Охридско лето“ може да се отвори на 4 август

Охридско лето може да се отвори на 4 август, најавува директорката Наташа Поповиќ. Причината е иста како за одложените манифестации периодов во Македонија и светот – Ковид 19.

Инаку фестивалот годинава одбележува 60 години од првото одржување, односно многу значаен јубилеј.

-Годинава „Охридско лето“ бележи 60 години. Чекаме да се прогласи крај на вонредната состојба и понатаму со препораки од ресорното Министерство за култура и министерот Хусни Исмаили и препораки од Владата сакаме и би требало да се одржи годинешното издание на „Охридско лето“ со тоа што би се поместила датата на свеченото отворање и наместо на 12 јули тоа би било на 4 август, на истиот датум кога и пред 60 години се отворил фестивалот, вели Поповиќ.

Претходна вестНа 1 јуни стартуваат уписите, ама како ли ќе седат децата во училница?
Следна вестОблачно време со повремени врнежи и температура до 19 степени