„Вооружете“ се со долга бела облека, очила за сонце и крема со заштитен фактор-следи сончев и многу топол викенд

Викендот што доаѓа поминете го под клима или на базен, оти ниту сенките нема да не спасат од високите температури и УВ-индексот. Најдобро е да не го напуштате домот ако немате потреба се разбира, од 10 до 17 часот. Ова важи за оние кои имаат хронични болести, како и постарите лица. Инаку денеска па и викендот температурите ќе достигнат околу, поточно и над 34 степени Целзиусови.
Утре преку ден ќе дува засилен северен ветер, а попладне на места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Сепак најважната информација е оти УВ индексот ќе биде 9. Тоа значи дека неопходни се дополнителни мерки за заштита на кожата и телото, како тенка но долга бела облека, капи и шешири, очила за сонце и крема со заштитен фактор.