Напад со нож во близина на училиште, повредени неколку ученици во Шведска

Неколку училишни деца се повредени во напад со нож во училиште во Шведска, во близина на градот Ескилстуна, јавија локалните медиуми. На терен има голем број полициски и возила на брза помош, јавува шведската ТВ4.

Ројтерс ја потврди информацијата на локалната телевизија дека имало напад, по што најмалку тројца ученици итно се пренесени во болница во градот Ескилстуна.

Шведската полиција започна потрага по напаѓачот.

 

Претходна вестУтре и во сабота посебен сообраќаен режим кон гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров
Следна вестГруби: До Антикорупциска не е доставен целиот договор со „Бехтел и Енка“ поради клаузулата за доверливост