Напад со нож во француско училиште, убиен професор, напаѓачот извикувал „Алах Акбар“

Eдно лице e убиено, а две други тешко повредени во напад со нож во училиште во североисточниот град Арас. Локалната полиција соопшти дека маж вооружен со нож убил наставник и оставил уште две ранети во средно училиште во градот со речиси 41.000 жители во петокот наутро. Напаѓачот во меѓувреме е уапсен.

Инцидентот се случил во средното училиште Гамбета, кое се наоѓа во центарот на градот, а полицијата соопшти дека напаѓачот извикал „Алах Акбар“ – „Господ е голем“ на арапски, пренесува „Еуроњуз“.

Ниту еден средношколец не е повреден, но еден чувар и еден наставник се тешко ранети откако се здобиле со неколку убодни рани.

Студентите и персоналот биле заклучени во зградата како безбедносна мерка.

Претходна вест„Јунајтед Груп“ силно ги отфрла неоснованите наводи во врска со нејзиниот бизнис во Македонија
Следна вестУченичка нападната од својот наставник во скопско село