Напад врз телевизијата „Топ канал“, убиено едно лице

Непознати напаѓачи ноќеска пукале со огнено оружје кон објектот на Топ чанел, најгледаната албанска телевизија. Во инцидентот, кој се случил околу 1 часот по полноќ, убиен е 60-годишниот Пали Кока, ангажиран како обезбедување.

Како што пренесува телевизијата, „Топ чанал“ повикувајќи се на информации од албанските истражни органи, возило марка „рејнџ ровер“, за кое се верува дека има припаѓало на напаѓачите, е пронајдено запалено на автопатот во близина на Каваја.

Полициски екипи веднаш по пријавата излегле на местото на настанот, а увидните екипи продолжуваат со работата за прибирање докази за расчистување на случајот и пронаоѓање на напаѓачите.

По инцидентот, веднаш реагираше албанскиот претседател Блерим Бегај, кој рече дека станува збор за сериозен инцидент. Тој побара од надлежните брзо да го расветлат случајот, истовремено изразувајќи сочувство до семејството на убиениот.

Претходна вестМега штрајк во Германија, не сообраќаат автобусите, железницата запрена, хаос на аеродромите
Следна вестГи нема странските инвеститори, не знаат дека веќе 3 години сме во НАТО?