Полов напад врз 12-годишно девојче, го излажал дека ќе го носи во училиште

Поднесено обвинение за полов напад врз малолетничка. Имено, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за почнување истражна постапка против лице кое се товари за кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот, на 10 февруари во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници ‘’Ранка Милановиќ’’ во Скопје извршил полов напад врз неговото вонбрачно дете кое имало 12 години. Тој го зел детето, со кое живеел во иста семејна заедница, со изговор дека ќе го носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект , каде полово ја нападнал.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.