Нападнал полицаец: 37-годишник од Виница доби кривична пријава

4

37-годишник од Виница доби кривична пријава затоа што во август со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

Како што се наведува во полицискиот билтен, надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В.(37) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“.

На 08.08.2025 во угостителски објект во Виница, пријавениот со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМосква: Франција планира да испрати 2000 војници во Украина, но подобро е да ги прати во своите музеи
Следна вестСиљановска-Давкова на парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат