Темно Режим Светло Режим

Нападнат полицаец во Скопје при вршење службени дејствија

Како што информира МВР, инцидентот се случил на паркинг на Средно Водно утрово, во 2:10 часот. При преземање службени активности од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција (ЕИП) за легитимирање машко лице, лицето почнало да упатува вербални навреди и пцовки, а во еден момент замавнало и со двете раце и удрило полициски службеник во пределот на градниот кош.

По настанот, поради болка во градниот кош полицискиот службеник е однесен во ГОБ „8 Септември“ за укажување за лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Семејствата на загинатите во Кочани бараат Мицкоски да ја објави целата снимка од состанокот

Следниот Пост

Коњановски: Чкембарскиот турнир е симбол на спортскиот дух и заедништвото во Битола