Нападнати малолетници во училишен двор во Скопје, напаѓачите испукале и 2-3 куршуми

Малтретирани малолетници во училишен двор во Скопје. Имено, синоќа во 20,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на училиште на ул. „Призренска“, дошле три непознати лица со возило „фолксваген туран“ со непознати регистарски ознаки и истите започнале да ги малтретираат А.К.(18) и двајца 15 годишни и еден 17 годишен малолетник, а потоа физички нападнале други 15 и 16 годишни малолетници нанесувајќи им повреди.

По ова од непознатите лица биле испукани 2-3 куршуми во воздух од пиштол, по што напаѓачите го напуштиле местото.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што била пронајдена и подигната една чаура.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.