Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот, подлактицата…

Еден од петтемина полицајци од Велес, кои синоќа биле нападнати од дрвокрадци, има тешки телесни повреди. Тој е во Клиничкиот центар во Скопје.

-Нападнатиот полицаец има фрактура на черепот, на коските на лицето и фрактура на подлактницата. Контактибилен е, но во тешка состојба. Ударот на полицаец е удар врз државата, истакна ресорниот министер Оливер Спасовски, кој очекува набргу сите петмина повредени полицајци да закрепнат и да им се вратат на обврските.

Двајца од нападнатите полицајци синоќа биле пуштени на домашно лекување, двајца се задржани во болницата во Велес, а најтешко повредениот е префрлен во Скопје.

За нападот на полицајците се приведени четворица, а идентификувани биле десетмина.

Претходна вестКривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепаше човек на улица
Следна вестОпштина Центар е првата општина која поднесе мислење до МОН за физичко присуство на ученици