Напаѓачот со нож во Бутел има само12 години, кривична и за неговиот татко

Завчерашниот напад со нож врз малолетник во Бутел е пред разрешница. Полицијата ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден од 15 и еден од 12 години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Од МВР информираат дека и таткото на 12-годишникот, ќе добие кривична пријава за „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи токму неговиот син замавнал со ножот.

Посочените малолетници завчера околу 19:30 часот на улицата „Александар Урдаревски“ физички нападнале двајца малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажана лекарска помош, бил пуштен на домашно лекување.

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.