Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас заминува од Наполи и кариерата ја продолжува во бундеслигашот Лајјпциг. Со Наполи тој го освои „скудетото“, емоции што засекогаш ќе останат запаметени на стадионот „Диего Марадона“.
Наполи на социјалните мрежи сподели видео со кое му се заблагодари на Елмас за сѐ што стори во нивниот дрес.
– Ти благодариме за емоциите кои ни ги даде. Сега те чекаат нови предизвици и ние секогаш ќе навиваме за тебе, објави Наполи.