Направија 30.000 заштитни визири, благодарница од Министерството нема, но луѓето им се благодарни

Деновиве Министерството за здравство дели благодарници на поединци и на колективи за нивен придонес при справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот. За упорните и вешти волонтери од 3Д Принт медицинска опрема се уште ништо Зошто се заборавени?

Апсурдот е во тоа што симболичното признание во форма на хартиена плакета нема да го добијат десетици волонтери кои во изминативе месеци направија преку 30.000 заштитни визири кои бесплатно им ги доставија на здравствените, но и другите работници ангажирани во борбата против опасниот вирус. Надлежните од Министерството за здравство треба да објаснат зошто ги заборавиле – заобиколиле волонтерите кои несебично, со доброволен ангажман и со сопствена опрема со месеци прават визирите со цел да не бидат заразени здравствените и други лица.

Веста и незадоволството заради ваквиот однос вчера на социјалната мрежа Фејсбук ја искажа и доктор Ненад Лазаров, еден од тимот на 3Д Принт медицинска опрема.

–  Се делат благодарници на заслужни, но за 3Д Принт Медицинска Опрема нема, ниту ни треба, ние помагаме на колеги медицинари, зошто им се загрозени животите, не за благодарници! Но, вака нема да стимулирате следни генерациии да покажат храброст и самоиницијатива кога најмногу треба, а без интерес. Башка, џентлменство, нула, напиша Лазаров.

Оваа групакоја на почеток броеше триесетина „принтерџии“ сега нараснаа на околу стотина волонтери од сите градови во Македонија кои благодарение на сопствениот доброволен ангажман и со помош на донаторите направија многу за заштита на сите од опасниот вирус. На секои неколку дена, согласно на производството на визири, тие вршат бесплатна достава на визирите на клиниките, поликлиниките, ординациите на матичните лекари, но и на полицијата и други лица. Така прават и деновиве со цел здравствените лица, кои во изминатиов период упатуваа поплаки дека немаат доволно заштитни средства и заради тоа неколку стотици се инфицираа од вирусот, да бидат што повеќе заштитени.

Објавата на Лазаров предизвика и реакација на граѓаните. Во нивните коментари тие потенцираат дека односот на Министерството е крајно некоректен.

Не се секирајте ние сме ви благодарниПарче хартија ништо не значи, особено ако е доделено од фотељаши на полтрони! Искрено во последниве години кога гледам кој добива благодарници, би ми било срам јас да добијам. Тие што знаат да ценат, тие ви се благодарни, од другите ич не ви треба…. напишаа граѓаните.

Претходна вестГи казнија ли вандалите што уништуваа видиковци, клупи…, се размислува ли за чуварски служби?
Следна вестТешко повреден пешак во Карпош