Народ надвор протестира, Собранието внатре Влада бира

Под мотото „За народна власт” доцна попладнево се одржа најавениот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а заврши пред републичкото собрание. Со извикување „Македонија! Македонија!” и „Никогаш Северна, само Македонија” насобраниот народ демонстрира дека е против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.

Од протестот најавен како „Семакедонски народен собир” беше пратена порака дека македонскиот народ ќе си ја брани иднината и дека нема да дозволи корумпирани политичари под команда на Брисел да го бришат од светската мапа.

– Учествувам на протестот за да опоменам дека новата влада која денеска се бира не смета дека и е дадено правото да го обезличи народот. Старо нивата власт не треба да се осили, народот македонски не се согласува со нивните ставови и предавства, ни истакна лице кое учествуваше на протестот.

Дали пратениците, особено оние од власта, слушнаа барем дел од пораките на насобраните граѓани, се уште не е познато…

Претходна вестВозач кој бегал од полицијата, ја скршил рампата на граница и влегол во Албанија
Следна вестСобранието конечно ја изгласа новата влада