Народниот правобранител бара МОН да ги слушне родителите и децата кои се противат на дигитализацијата

Родителите и учениците мора да бидат слушнати дали се подготвени да поддржат еден ваков концепт, смета Народниот правобранител во однос на најавената реформа во образованието со воведување дигитални учебници.

Претставници на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ и „Менуваме“ денеска се сртнаа со Народнот правобранител на која го информирале за ставовите што ги поддржуваат двете иницијативи.

Народниот правобранител како позитивен го смета прекинот на бојкот на наставата, кој е на штета на децата и нивното образование и ги охрабрува претставниците да го продолжат дијалогот со надлежните органи во насока на изнаоѓање најсоодветно решение за најавената реформа, која ќе ги земе предвид и мислењата на родителите, наставниците и пошироката стручна јавност.

Според народниот правобранител, при спроведување една ваква сериозна реформа, трите клучни фактори – ученици, родители, наставници – задолжително треба да бидат консултирани. Исто така, потребна е и изработка и на сеопфатна анализа колку државата е подготвена да спроведе реформа од ваков вид, со оглед, меѓу другото, и на фактот дека образованието (и основното и средното) е задолжително и бесплатно, што кореспондира со Конвенцијата за правата на детето.

Затоа, тој апелира до директорите на училиштата и образовниот кадар да не вршат притисоци врз децата (преку пишување неоправдани изостаноци, намалување на поведението и сл.) затоа што го користат уставно загарантираното право на изразување незадоволство и во таа насока ги охрабрува учениците /родителите секоја форма на притисок да ја пријават на бесплатната телефонска линија за деца 0800 88 500 на народниот правобранител, како и до надлежните органи.

Претходна вестСкопјани пробиле картички на двајца струмичани – потрошиле 90.000 денари, сега ќе одговараат
Следна вестДо петок сончево, викенд со дожд