Македонскиот фудбалер Лука Станковски покажа одлични резултати на стартот во новиот фудбалски клуб Горица од Словенија. На вториот натпревар за тимот Станковски даде еден гол со што и донесе победа на Горица против Цеље со резултат 1:0, а одлично играше и во текот на целиот натпревар.
Инаку, по страотниот земјотрес во Турција, турскиот тим Газиантеп се откажа од светското првенство, Лука беше приморан да заигра за друг тим, а изборот на Горица за сега се покажа како одличен.
Од Горица исто така потврдија дека Станковски добил повик да настапува и за репрезентацијата на Македонија до 21 година, во периодот од 19-ти до 28-ми март во кој ќе се одиграат пријателски натпревари против Летонија, Финска и Словачка во Турција.