Нашиот Лука Станковски и донесе победа на Горица

Македонскиот фудбалер Лука Станковски покажа одлични резултати на стартот во новиот фудбалски клуб Горица од Словенија. На вториот натпревар за тимот Станковски даде еден гол со што и донесе победа на Горица против Цеље со резултат 1:0, а одлично играше и во текот на целиот натпревар.

Инаку, по страотниот земјотрес во Турција, турскиот тим Газиантеп се откажа од светското првенство, Лука беше приморан да заигра за друг тим, а изборот на Горица за сега се покажа како одличен.

Од Горица исто така потврдија дека Станковски добил повик да настапува и за репрезентацијата на Македонија до 21 година, во периодот од 19-ти до 28-ми март во кој ќе се одиграат пријателски натпревари против Летонија, Финска и Словачка во Турција.

Претходна вестВо Кабинетот на Груби не играле само министрите на ДУИ: Градоначалник на Тирана дал гол со пета, шутирал и амбасадорот на Словачка…
Следна вестПретрес во Битола: Пронајдени дрога и муниција, приведено едно лице