37-годишен жител на Штипско ќе одговара за предизвикување повреда и обид за убиство, откако во дворот на нивната куќа ги нападнал сите членови на семејството на неговата сопруга, соопшти МВР.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против С.К.(37) од с.Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид и „телесна повреда“. На 03.08.2025 во дворот на родителите на неговата сопруга, по претходна расправија, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка, при што употребил остар и тврд предмет“, пишува во полициското соопштение.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



