Home АКТУЕЛНО Настава без мобилни телефони во Гази Баба

Настава без мобилни телефони во Гази Баба

0
Настава без мобилни телефони во Гази Баба

Учениците во основните училиште на подрачјето на Гази Баба веќе нема да можат да имаат мобилни телефони за време на наставата. Градоначалникот на општината Бобан Стефковски денеска најави дека учениците ќе ги оставаат телефоните пред секој наставен час.

-Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес. За таа цел од денес во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони. Сите основни училишта извршија набавка на специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница. Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот, објави денеска Стефковски.