Научниците конечно открија зошто толку сакаме чокалодо

Според новото истражување, чоколадото ни привлекува поради начинот на кој нејзината текстура се менува во нашата уста. Научниците конечно сфатија што се случува за време на конзумирањето на чоколадото, односно кога таа се менува од цврста во мазна емулзија.

– Кога знаете како всушност се чувствува храната во вашата уста, тогаш можете да го искористите тоа знаење за да дизајнирате храна со подобар вкус, текстура или други придобивки, објасни коавторот на студијата, професор Анвеша Саркар од Универзитетот во Лидс.

Маснотиите играат клучна улога бидејќи, кога ќе дојдат во контакт со јазикот, се ослободуваат цврсти честички од зрната какао. Тие стануваат важни во однос на тактилната сензација.

– Се испостави дека масниот слој мора да биде на надворешниот дел од чоколадото, тоа е најважно. Затоа чоколадото има толку добар вкус, додала таа.

Британците се меѓу најголемите зависници од чоколадо во светот и во текот на својот живот јадат во просек тон и половина чоколадо. Бизнис консултантската компанија „МИНТЕЛ“ предвидува дека продажбата на чоколадо во Велика Британија ќе порасне за 13 отсто до 6,6 милијарди фунти во следните пет години.

Претходна вестОбјавени два романа од серијата со наслов „Најдобрата кинеска фантастична литература за деца“
Следна вестДраган Даниловски: „Кракен“, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми