Научниците создадоа инјекција која за кратко време лекува пијанство

Научниците од „Југозападниот медицински центар“ во Тексас креираа инјекција со хормон којшто може драматично да го забрза закрепнувањето од пијанство. Истражувачите експериментирале на глувци и откриле дека дозирањето со фактор за раст фибробласт 21 (FGF21) двојно им го намалило времето потребно за трезнење.

Познато е дека (FGF21) штити од негативни ефекти од алкохол така што побрзо реагира и го придвижува мозокот. Истражувачите од Тексас на глувците им дале „претерана“ доза на етанол, што е еквивалентно на консумирање алкохол кај луѓето.

Глувците го изгубиле својот рефлекс на исправување, способност на телото да се исправи кога алкохолот доведува до нарушување на рамнотежата. На глувците на кои им недостасувал (FGG21) им било потребно повеќе време од останатите глувци за да го вратат својот рефлекс на исправување и рамнотежа.

Хемикалијата која природно се наоѓа во црниот дроб, испраќа сигнали до мозокот да се заштити од штетните ефекти на алкохолот.

Доктор Стивен Кливер од Универзитетот во Тексас изјавил дека зголеменото ниво на (FGF21) во телото со инјекција може драматично да го забрза закрепнувањето од интоксикација.

– Откриваме дека црниот дроб не е вклучен само во разредување на алкохолот. Исто така испраќа хормонски сигнал до мозокот за да го заштити од штетните ефекти на интоксикација, вклучувајќи и губење на свеста и координацијата, појаснил тој.

Студијата била објавена во магазинот „Cell metabolism“.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ од утре „Заедно со народот“- стотици тимови ќе ги посетуваат членството и граѓаните кои се против власта
Следна вестДвајца крадци кои „оперирале“ низ скопските улици се лишени од слобода