Темно Режим Светло Режим

Наутро свежо, преку денот сонце

Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Времето утрово е ведро и посвежо, а преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица, информираат од УХМР.

Претходниот Пост
СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

СДСМ: За навредите на Миленко кон жените бараме санкции и негово разрешување од ФК Вардар

Следниот Пост

На граничните премини нема подолги задржувања, сообраќајот во државата се одвива непречено