Навалени бандери во село Бардовци, кабли висат скоро до земја…

Синоќешниот и утринскиот снег направија проблеми и во село Бардовци. Тежината на мокриот снег измешан со дожд ги отежна каблите по бандерите, па дел од нив се навалиле.

-Неколку бандери се целосни навалени и има можност да паднат. Каблите висат многу ниско над улиците и е тешко по нив да се вози особено ако возилата се повисоки, ни пиша читател на „Скопско Ехо“.

Читателот објаснува и дека утрово градскиот автобус не доаѓал во селото поради спуштените кабли. Тој повикува и на побрза реакција од надлежните.

Инаку, синоќа паднато дрво во Скопје во населбата Железара предизвикало спој во трафостаница кој беше проследен и со експлозија што ги вознемири жителите. Екипи на ЕВН веднаш биле на терен за отстранување на дефектот, а повик бил примен и во Противпожарна бригада на Скопје, од каде испратиле возило, но немало потреба од интервенција. За среќа, во инцидентот немало повредени лица.

Во Аеродром има неколку паднати дрвја, најмногу штета е направена при пад на едно дрво директно врз автомобил на булеварот Јане Сандански 36. Возилото е оштетено, и се чекаа служби да го тргнат дрвото кое буквално го поклопило. На подрачјето на општина Центар, пак, на улица „50 дивизија“ кај МВР голема гранка од исушеното дрво падна врз неколку автомобили. За среќа, не е предизвикано големо оштетување. Читатели ни пишуваат дека дрвја врз автомобили паѓале и во Кисела Вода…

Претходна вестЕксплодира плинска боца во викендичка во Матејче, тешко повредени шест лица
Следна вестИ сега на Конески коса би му се кренала