Навивачи беснееле во Струга, тепале и го оштетиле стадионот, повредени петмина полицајци

1464

Петмина полицајци се повредени по беснеењето на навивачите од Охрид по крајот на фудбалскиот натпревар одигран вчера во Струга, соопшти полицијата.

-На 08.04.2023 околу 17:00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во рамки на Втората фудбалска лига бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот. Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од Полициската станица Струга, се наведува во информацијата на МВР.

По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМицкоски: Го затворам прашањето за Уставот, измени во овој парламентарен состав ќе нема
Следна вестПлатформата на граѓански организации за борба против корупција: Да се повлечат предложените законски измени за Коридорите 8 и 10 – Д