Назад во училиште или настава од дома: Ситуацијата со ковид ќе одреди како ќе се учи од септември

Од епидемиолошката состојба и од стручното мислење на Комисијата за заразни болести ќе зависи каква ќе биде наставата од следната учебна година, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Оваа година избраниот хибриден модел на наставата даде одлични резултати, без застој во образованието, а притоа се заштити здравјето на учениците и наставниците како и колективното здравје. Тоа покажа дека образовниот систем може да се справува со вакви потреси, изјави Царовска во Охрид.

Царовска истакна дека моментално фокус на Министерството за образование и наука е вакцинација на наставниот кадар.

Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. После спроведувањето на матурата треба  да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.

Претходна вестСмртните случаи половина од дневниот број на заразени: Ќе почне ли да паѓа бројот на ковид-жртвите?
Следна вестЈордан Трајков: Ги ограбија фабриките, сега се подготвува и грабеж на почвата