Не газете по имињата на Гологанов, Сарафов, Трајковски: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ против промена на имињата на скопските улици

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје денеска нешто после пладне го блокираше булеварот „Борис Трајковски“, симболично покажувајќи несогласување со промената на имињата на улиците во градот.

Тие побараа повлекување на точката за преименување на улиците од дневниот ред на утрешшната седница и порачаа:

-Петре Шилегов гази по жртвата и по имињата на Митрополит Теодосиј Гологанов, на Борис Сарафов, на Христо Батанџиев, на Мајка Тереза, на Киро Глигоров и на Борис Трајковски. Петре Шилегов со предлогот за преименување на улиците во градот Скопје прави апсурдни ситуации, предлага за имиња на улици странски претседатели, а го трга името на покојниот претседател Борис Трајковски, изјави советничката Јелена Жугиќ од булеварот чие име исто така ќе биде сменето според предлогот.

Исто така, од советничката група на опозицијата бараат да се спроведе и широка јавна расправа во која ќе биде вклучен и Институтот за историја и други релевантни чинители, како и општините во градот Скопје.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Бегството на Мијалков е договор со власта – да го најдат за 24 часа или оставка
Следна вестЕУ согласна за санкции кон Русија поради затворањето на Навални