Не им е лесно на спомениците во Скопје, Шилегов или ги мерка за рушење или се запустени

Повеќе треба четка, а не копач

Недостојно е наши споменици да изгледаат вака запуштено! А ваму градоначалникот најавува уривање на споменици. Зарем не знае дека секој изграден споменик има своја историја и дека со секој урнат споменик се урива дел од нашата историја, смета Вера Стевановска.

Споменикот на Гоце Делчев кој е на само 200 метри од канцелариите на градоначалникот Шилегов е унаказен, ишаран со спрејови во боја од предна и од задна страна, со оштетен постамент, со искорнати плочки… Дури, во испружената рака на Делчев некој ставил пластично шише со пиво кое никој со денови не го трга.

 Да си жител во Скопје не е лесно. Ама ниту на спомениците не им е поарно. Ги поставуваат преку ноќ, ги сквернават преку ноќ, не ги средуваат преку ден, а дури и им се закануваат дека ќе ги срушат – само да им се даделе под ингеренција… Ова последново за рушењето деновиве го спомена скопскиот градоначалник Петре Шилегов мислејќи на спомениците од „Скопје 2014“.

– Само нека ми ги префрлат спомениците, ќе видите што е уривање. Македонија беше поробена од Груевистичка чизма и насилно и беа поставени споменици, изјави тогаш Шилегов.

И, сега, спомениците се тресат од страв – чекаат што ќе биде со нив. Засега пострада само еден оној на Андон Јанев Ќосето од пред судска палата.

Туку да тргнеме малку со посериозен приод од овој што го започна самиот Шилегов кој најави – што би било кога би било… Еве да видиме како тој се грижи за оние споменици кои не се од „Скопје 2014“ и кои за него, се надеваме, не се спорни. И обичната прошетка по градското подрачје на кое се поставени спомениците ќе открие дека многу се  запустени, заборавени…

-Некни го видов споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк и се ужаснав. Во катастрофална состојба е – ишаран, оштетен. Краен вандализам, споменикот е унаказен. Како некој да платил вандали да го сторат тоа. Недостојно е наши споменици да изгледаат вака. А ваму градоначалникот Шилегов најавува уривање на споменици. Зарем не знае дека секој изграден споменик има своја историја и дека со секој урнат споменик се урива дел од нашата историја. Грижата за спомениците ја оценувам со нула, ни вели граѓанката Вера Стевановска.

И нашата екипа виде дека споменикот на Гоце Делчев кој е на само 200 метри од канцелариите на градоначалникот Шилегов е унаказен, ишаран со спрејови во боја од предна и од задна страна, со оштетен постамент, искорнати плочки… Дури во испружената рака на Делчев, некој ставил пластично шише со пиво кое никој со денови не го трга.

-Децата ќе помислат дека спомениците вака треба да изгледаат, да бидат ишарани, оштетени. Ќе можат ли да ги почитуваат хероите чии лик претставуваат, прокоментира еден граѓанин.

Ишарани споменици затекнавме и во внатрешноста на Градскиот парк. Бистите и постаментите на хероите какви што се Коста Рацин, Цветан Димов, Коле Неделковски, Орце Николов веќе со години се испрскани со разни бои и стојат неисчистени…

Целиот текст може да го прочитате во бесплатниот неделник СКОПСКО ЕХО